Кога возбудата започнува по вашето ДА, време е да почнете да се подготвувате за вашата свадбена прослава. Кога не знаете од каде да почнете и како да си олесните во организацијата, jasiti.mk е тука да ви помогне.
Јас и Ти персонализираните свадбени веб-страници им помагаат на младите лесно и брзо сами да ја организираат нивната свадба, притоа давајќи им слобода да бидат креативни и уникатни и на свој начин да ја раскажат својата приказна на сите гости. Jasiti.mk е автоматско решение кое за неколку минути креира персонализирана свадбена веб-страница. Системот вклучува електронски покани кои младите можат да ги испратат до сите гости со неколку клика. На тој начин тие добиваат детален преглед на листата на гости кои го потврдилие/откажале своето присуство, информации за нивни музички желби, преференции/алергии за храна и сл. Со ова не само што младите заштедуваат и се грижат за природата без непотребно да печатат покани (кои најверојатно половина ќе им останат дома), туку и го избегнуваат делот со дистрибуција на поканите од врата на врата. А пак, го задржуваат персоналниот момент на испраќање на поканата до лична маил адреса на своите гости. Поканата и страната можат исто и да ја споделат со линк, а доволно е само еден член од семејство да потврди за сите (да означи број на луѓе кои доаѓаат). Интересно е тоа што ова решение не ги ограничува идните брачни парови на избор на дизајн, туку има дава слобода да си играат со изборот на дизајн, без да ги изгубат внесените слики и текстови и без да треба да доплаќаат ако сакаат друг дизајн. Исто така, голема предност, особено за гостите кои се од други места, е тоа што добиваат точни локации со време и мапа од локација, за полесно да можат да се снајдат и да бидат на вистинското место во вистинско време.
Преку Јас и Ти младите добиваат и галерија од 10GB каде можат да ги стават сите свои слики и да ги споделат со гостите, без притоа да се “замараат” со “јас не добив слика, те молам извади ми… кога ќе ги гледаме сликите… прати ми ја сликата да си ја ставам на Facebook/Instagram…”.
И да не се ограничуваме само на свадба, веб-страницата можете да ја користите и за вашта свршавачка, па да ја промените за свадба, па дури и на крај да споделите и слики од свадбено патување ако сакате. Можностите се неограничени, ваше е само да изберете пакет колку време сакате да ви биде активна страната. Пакетите се купуваат online и по вашето купување страната се креира автоматски и потоа можете да започнете да си играте со вашите слики и да ги менувате текстовите и секциите по желба. Кога вашиот пакет ќе биде пред истекот ќе добиете потсетување доколку сакате да си ја продолжите вашата страница.
Се на едно место, од табела со гости кои потврдиле/одбиле присуство до галерија за сите ваши слики. Достапно на вашиот мобилен или компјутер во секое време и на секое место.