1. ОПШТИ ИНФОРМАЦИИ
Оваа Политика за приватност се однесува на www.jasiti.mk (“ЈАС И ТИ”, “Веб-сајт”, “Сајт”) во сопственост на ЈАС И ТИ 2018 ДООЕЛ Скопје (“ЈАС И ТИ”, “ние”, “нас”) и објаснува како ЈАС И ТИ ги собира и ги користи информациите за посетителите и корисниците на Веб-сајтот, вклучително и персоналните информаци кои корисниците ги наведуваат и објавуваат на Сајтот. Во овој документ исто така е наведено за што, на кој начин и во кои случаи ги користиме информациите за корисниците, вклучувајќи ги и персоналните информации и како може да пристапувате до нив и да ги ажурирате.
Со користењето и/или пристапувањето на ЈАС И ТИ, Вие ги прифаќате практиките, правилата и условите опишани во оваа Политика за приватност, како и нашите Правила и услови на користење.
Ние не ги продаваме, изнајмуваме, разменуваме или на друг начин ги споделуваме Вашите лични податоци со трети страни, освен како што е тоа опишано во оваа Политика за приватност. Ние не ги побаруваме Вашите лични информации доколку тие не се неопходни. Не ги споделуваме Вашите лични информации со никого освен ако тоа не е согласно со законите, во цели за понатамошен развој на продуктот или со цел да ги заштитиме нашите права. Вашите лични информации ги чуваме само доколку ни требаат за услугите кои ги нудиме.
2. РЕГИСТРАЦИЈА
Услугите кои ги овозможуваме преку ЈАС И ТИ може да се користат само доколку корисникот се регистрира во системот. За време на процесот на регистрација се собираат следниве информации: е-пошта, име, презиме и лозинка. По регистрирањето ќе добиете електронска порака (e-mail) како известување дека сте се регистрирале во системот и во неа ќе бидат наведени деталите кои се однесуваат за Вашата корисничка сметка и пристап до неа. Подоцна, преку Вашата Контролна Табла, може да додадете и други информации за Вас или да ги менувате постоечките.
3. ЕДНОКРАТЕН НАДОМЕСТ ЗА УСЛУГАТА
За користење на услугата потребно е да извршите еднократен надомест. По завршување на платениот периодот, доколку се одлучите и понатаму да го користите нашиот систем, ќе треба да извршите повторна уплата.
За поддршка на плаќањата преку Интернет, ЈАС И ТИ ги користи услугите на трети компании, процесори за онлајн плаќања. Во процесот на онлајн плаќање ги споделуваме Вашите лични податоци со овие платежни процесори. Употребата на Вашите лични податоци од страна на овие платежни процесори се регулирани со нивните политики за приватност.
4. КОМЕНТАРИ И КОРИСНИЧКИ СОДРЖИНИ
Доколку поставите коментари или кориснички содржини на Сајтот кои содржат персонални информации, треба да имате на ум дека истите може да бидат прочитани, преземени или искористени од страна на другите корисници и посетители на сајтот или од трети лица и компании. Ние не сме одговорни за овие информации и не може да гарантираме дека тие нема да бидат искористени од трети лица и/или надвор од Сајтот.
5. СОЦИЈАЛНИ МРЕЖИ
ЈАС И ТИ им дава на корисниците можност за комуникација и објавување на содржини на јавни мрежи како Twitter, Facebook, Google+, Instagram, Dropbox и др. Вашата интеракција на овие мрежи и сите информации кои ги објавувате преку нив се јавно видливи и достапни надвор од доменот на ЈАС И ТИ. Секоја социјална мрежа има своја политика за приватност. Доколку не сакате тие информации да бидат јавно достапни, тогаш не треба да ги користите овие можности на нашиот веб-сајт. Ние не сме одговорни за информациите кои ги објавувате на овој начин.
6. КАКО ГИ КОРИСТИМЕ ИНФОРМАЦИИТЕ
- Личните информации кои ги имате внесено во системот, како што се Вашето име и презиме, се прикажуваат во администраторскиот дел од системот до кој пристапувате, но само доколку претходно се најавите.
- ЈАС И ТИ користи информации за Вашето користење на системот со цел испраќање на известувања кои се однесуваат на неговата работа.
- Вашите информации може да ги користиме и откриеме при работата со трети компании, чии услуги ги користиме, со цел испраќање на пораки кои се однесуваат за нашите нови услуги или продукти.
- Информациите кои ги собираме преку нашите логови се користат со цел идентификација на потенцијални случаи на злоупотреба на нашиот систем или со цел добивање на статистички информации за користење на системот.
Го задржуваме правото да ги откриеме Вашите лични информации доколку тоа се бара со закон или кога веруваме дека таквото откривање е неопходно со цел да ги заштитиме нашите права, или кога треба да постапиме во согласност со судската постапка, судски налог или правен процес кој нѐ вклучува нас или кој било од нашите соработници или партнери.
7. БЕЗБЕДНОСТ НА ИНФОРМАЦИИТЕ
Сите кориснички информации кои се сочувани во системот се чуваат во безбедни бази на податоци, заштитени преку различни индустриски стандарди за контроли на пристап, безбедносни лозинки, SSL енкрипција, firewalls и останати мерки на безбедност. Меѓутоа, ниту една компанија, вклучувајќи го и ЈАС И ТИ, не може во целост да ги елиминира безбедносните ризици при пренос на податоци и информации преку онлајн конекции, така што користењето на овие системи е на Ваш сопствен ризик.
8. ПРИСТАП ДО ЛИЧНИТЕ ИНФОРМАЦИИ
Сите информации кои ЈАС И ТИ ги чува за Вашата корисничка сметка, вклучувајќи ги и податоците за надомест и податоците за сметките, се достапни преку Вашата Контролна Табла. Преку овој дел од системот може да ги прегледувате и ажурирате Вашите податоци и податоците кои се однесуваат за Вас.
Доколку сакате, може да ја деактивирате Вашата веб-страница, со повик во нашиот контакт центар за поддршка, меѓутоа и по деактивацијата на Вашата веб-страница, информациите ќе останат во нашиот систем бидејќи законски сме обврзани да ги чуваме тие податоци.
9. КОМУНИКАЦИИ ОД ЈАС И ТИ
- За управување и администрација со комуникацијата и праќањето на електронски пораки преку системот и преку веб-сајтовите на корисниците се користат услуги од трети компании. Заштитата на личните информации, во случај на овие комуникации, се регулирани со политиките за приватност на компаниите чии услуги ги користиме.
- Во случаите кога е неопходно, ќе Ви бидат испратени известувања поврзани со користењето на услугите. Овие пораки не се со промотивни цели.
- Со Ваша дозвола, повремено ќе Ви испраќаме пораки кои се однесуваат за новите можности или услуги кои им ги нудиме на нашите корисници.
- Вашите информации може да ги искористиме во случај доколку испратите барање или помош од одделот за техничка поддршка, со цел за да Ве контактираме и да Ви одговориме на Вашето барање.
- Без Ваше претходно одобрување, од нас може да добивате само известувања кои се поврзани со работата и користењето на Услугата.
- По деактивирањето на Вашата корисничка сметка, понатаму нема да добивате известувања од нашиот систем и Услуга.
10. СПОДЕЛУВАЊЕ НА ИНФОРМАЦИИ
Со нашите маркетинг партнери ги споделуваме агрегатните информации за корисниците. Овие информации не ги идентификуваат индивидуалните корисници и содржат статистики поврзани со географската локација на корисниците и посетеноста на сајтот. Овие информации по потреба може да ги споделуваме и со трети компании со кои соработуваме и кои ни помагаат да ги анализираме статистиките за корисниците со цел за да ги подобриме нашите услуги. Агрегатните статистички податоци од корисниците не ги поврзуваме со нивните персонални информации.
ЈАС И ТИ соработува со трети компании и ги користи нивните услуги. Пример за овие услуги се процесирање на плаќањата со платежни картички, користење на сервери за е-пошта или анализирање на податоци. Овие трети компании имаат пристап до личните податоци со цел да ги извршуваат нивните услуги во наше име и се овластени од нас да ги користат овие податоци само во случај на услугите кои ги обезбедуваат за нас.
Во случај на трансфер или продавање на бизнисот, информациите за корисниците како дел од бизнисот исто така се пренесуваат понатаму, но тие остануваат да бидат заштитени со претходната Политика за приватност.
Го задржуваме правото да ги споделиме и откриеме информациите за корисникот, односно податоците за корисничката сметка и личните податоци, во случај кога тоа е наложено законски; кога треба да се спроведат или применат Условите за користење на услугата; кога треба да се заштитат нашите права, интелектуалната сопственост или сигурноста на ЈАС И ТИ, нашите корисници и останатите. Ова вклучува и размена на информации со останати компании и организации со цел заштита од измами.
11. ЛОГ ДАТОТЕКИ
Кога се пристапува до веб-страниците на Сајтот, ние автоматски собираме информации и ги зачувуваме во лог датотеки. Овие информациии ги вклучуват: IP-адресите, адресите на страниците до кои се пристапува (URL), географските локации, типот на пребарувачите, интернет сервис провајдерите (ISP), оперативните системи, посетените страници, времето на посета и слично.
Ние ги користиме овие информации, кои не ги идентификуваат индивидуалните корисници, за статистички цели, за анализа на трендови, за да се администрираат веб-сајтовите, за да се гледа движењето на корисниците низ веб-сајтовите и за да се соберат демографски информации за нашата база на корисници во целина. Ние не ги поврзуваме овие автоматски собрани податоци со личните информации, освен во случај кога постои активност за која се смета дека е во конфликт со нашите Услови за користење. Во тој случај овие информации може да се искористат за да се идентификуваат корисниците кои ги прекршуваат Условите за користење или Политиката за приватност.
12. КОЛАЧИЊА (COOKIES)
Како и најголемиот број на веб-сајтови, така и ЈАС И ТИ користи колачиња (cookies), како мало количество на информации кое се чува на корисничките компјутери. Колачињата ни овозможуваат да ги “запаметиме” информациите за преференците и најавите на корисниците и им овозможуваат на корисниците да се движат низ Веб-сајтот без потреба да се најавуваат повторно. Корисниците кои ги исклучуваат колачињата нема да бидат во можност да го користат ЈАС И ТИ, бидејќи тие се задолжителни за да се одржува најавата во нашиот сервис. Исклучувањето на колачињата не ги спречува корисниците да пристапуваат на јавниот дел од Веб-сајтот, меѓутоа дел од опциите во јавниот дел може да бидат деградирани.
Колачињата може да се поврзат со персоналните податоци во случајот кога корисникот е најавен во Сервисот. Во тој случај колачето од неговиот компјутер го идентификува корисничкиот профил во нашиот систем.
Оваа Политика за приватност го покрива користењето на колачињата само од ЈАС И ТИ, и не го покрива користењето на колачињата од огласувачите. Некои од нашите бизнис партнери исто така користат колачиња на нашиот сајт. Ние немаме пристап и контрола над тие колачиња.
13. ЛИНКОВИ ДО ДРУГИ САЈТОВИ
ЈАС И ТИ содржи линкови кон други сајтови кои не се во сопственост и под контрола на ЈАС И ТИ. Ве поттикнуваме да бидете свесни кога го напуштате нашиот веб-сајт да ја прочитате политиката на приватност на сајтот на кој сте се префрлиле. Оваа Политика за приватност се однесува само на информациите кои се собираат од овој сајт.
14. БИЗНИС ТРАНЗИЦИЈА
Доколку ЈАС И ТИ помине низ бизнис транзиција, во таа транзиција најверојатно ќе бидат опфатени и персоналните информации. Корисниците ќе бидат известени преку е-маил доколку дојде до каква било промена на сопственоста или промена на контролата на нивните личните податоци.
15. ПРОМЕНИ ВО ПОЛИТИКАТА ЗА ПРИВАТНОСТ
Во случај доколку одлучиме да ја промениме Политиката за приватност, промените ќе бидат објавени во оваа Политика за приватност и на други јавни места. Политиката за приватност нема да се менува во насока да биде помалку заштитничка од претходната, без за тоа да има согласност од засегнатите корисници.
Го задржуваме правото да ја менуваме Политиката за приватност во кое било време и затоа Ве замолуваме да ја проверувате почесто.
16. ЛИЦА ПОД 18 ГОДИШНА ВОЗРАСТ
На лицата помлади од 18 години им е забрането да креираат или користат кориснички сметки на ЈАС И ТИ и ние свесно не собираме информации за лица помали од 18 години. Доколку забележиме дека лице под 18 години има внесено лични информации во нашиот систем, ќе ги избришеме тие информации од нашите датотеки.
17. КОНТАКТ
Доколку имате прашања или сугестии за нашата Политика за приватност, ве молиме отворете ја нашата контакт страница и искористете ги контакт информациите приложени таму за да нѐ контактирате.