1. ОПШТИ ИНФОРМАЦИИ
Овој Договор за правилата и условите за користење на услугата („Договор”, „Правила и услови за користење”, „Услови на користење”, „Услови”, „Услови за употреба”) е договор помеѓу Вас („корисникот”) и ЈАС И ТИ 2018 ДООЕЛ Скопје („ЈАС И ТИ”, „ние”) со седиште на ул. 23 Октомври бр. 12/2-11 Скопје (матичен број: 7254555, даночен број: 4032018536505).
Со користењето и/или посетувањето на интернет-страницата www.jasiti.mk („ЈАС И ТИ”, „интернет-страницата”,) и/или која било под интернет-страница на www.jasiti.mk и со користењето на некоја од услугите на ЈАС И ТИ, Вие се согласувате со Договорот за правилата и условите за користење на услугата и со Политиката на приватност. Доколку не се согласувате со некој од овие услови, Ве молиме да не ја користите интернет-страницата ЈАС И ТИ.
Условите за користење претставуваат обврзувачки правен договор помеѓу Вас како корисник („Вие”), ЈАС И ТИ и подружниците и / или соработниците на ЈАС И ТИ.
Со овој Договор се утврдуваат правилата и условите за користење кои претставуваат законски обврзувачки услови за користење на услугите на ЈАС И ТИ и ќе се применуваат за сите корисници на ЈАС И ТИ интернет-страницата. Со користењето на услугите на ЈАС И ТИ, Вие сте согласни да се обврзете со овој Договор. Овластување и дозвола да ги користите услугите на ЈАС И ТИ имате единствено доколку се согласувате да ги почитувате и да се придружувате кон сите применливи закони и кон овој Договор.
Ве молиме, внимателно да го прочитате овој Договор и да го чувате. Доколку не се согласувате со него, треба веднаш да ја напуштите ЈАС И ТИ интернет-страницата и да ја прекинете употребата на услугите на ЈАС И ТИ. Доколку сакате да станете корисник и да ги користите ЈАС И ТИ услугите, мора да го прочитате овој Договор и да го потврдите Вашето прифаќање за време на процесот на регистрација.
Одредени услуги може да бараат дополнителни правила и услови и во тој случај кликнување на „прифаќам” копчињата и/или други назнаки и/или други слични методи за стекнување на Вашата согласност ќе значи дека сте согласни со наведените правила и услови (доколку ги има).
ЈАС И ТИ може повремено да прави измени во Договорот, при што тие ќе стапат во сила во моментот на нивното објавувањето на Интернет-страницата. Вие сте согласни да ги прифатите промените во Договорот и тоа веднаш по нивното објавување. Поради тоа, особено е важно редовно да го прегледувате Договорот, со цел да се осигурате дека сте навремено информирани за сите промени.
2. ОПИС НА УСЛУГАТА
ЈАС И ТИ на регистрираните корисници им овозможува користење различни онлајн алатки за уредување, ажурирање и одржување на интернет-страници и содржини. Откако ќе се регистрира, секој корисник добива сопствена интернет-страница, на која може да поставува содржини („кориснички содржини”). Сите нови можности на услугата, вклучувајќи го и поставувањето на нови алатки и ресурси, ќе бидат предмет на овие услови. Услугата исто така вклучува веб-хостинг услуги за интернет-страниците кои се креираат преку ЈАС И ТИ.
За да ја користите услугата, мора да имате пристап до интернет, директно или преку уреди кои пристапуваат до содржини базирани на интернет. Не е дозволено да пристапувате на услугата на друг начин освен преку предвидениот кориснички интерфејс за тоа.
Услугата може да вклучува и наши објави, како што се најавите за новите услуги, административни пораки и билтени. Ваквиот тип комуникација се смета како дел од пакетите на ЈАС И ТИ.
Ве молиме, имајте предвид дека дел од услугите (или специјалните функции) може да бидат овозможени само за корисниците кои се претплатиле за такви услуги и ЈАС И ТИ има право да наплатува надомест за таквите услуги.
Услугите се овозможени од ЈАС И ТИ и трети страни кои договорно се обврзани со ЈАС И ТИ и ние не преземаме никаква одговорност за каков било пропуст во обезбедувањето на услугите за корисниците.
3. РЕГИСТРАЦИЈА
За да се регистрирате за корисничка сметка, мора да обезбедите важечка е-адреса и други информации („податоци за регистрирање”). Во процесот на регистрација, потребно е да изберете лозинка и име на домен за вашата интернет-страница. Вие сте одговорни за одржување на доверливоста на лозинката и сметката, како и за сите активности кои се случуваат под името на вашата корисничка сметка.
По основ на користење на услугата, се согласувате дека ќе ги ажурирате и одржувате вистинити, точни, тековни и целосни податоците за регистрација. Доколку поднесете информација која е невистинита, неточна, измината или нецелосна, или доколку ЈАС И ТИ има разумна основа да се сомнева дека има информации кои се невистинити, неточни, изминати или нецелосни можеме да го суспендираме или да го исклучиме Вашиот профил односно корисничка сметка и да одбиеме било какво понатмошно користење на услугата или кој и да било дел од неа.
На лицата под 18-годишна возраст им е забрането регистрирање или користење на кориснички сметки преку ЈАС И ТИ.
4. КОРИСНИЧКИ СОДРЖИНИ
Вие сте правно одговорни за сите информации, податоци, текстови, софтвер, музика, звуци, фотографии, графика, видеа, пораки или други материјали прикачени, испратени, поставени, објавени или кои се чуваат во врска со користењето на услугата („кориснички содржини”). ЈАС И ТИ не е одговорен за Вашите кориснички содржини и не ги контролира, и како такви, ние не гарантираме за точноста, интегритетот или квалитетот на таквите содржини или тоа дека нивното објавување не ги повредува правата на трети лица.
ЈАС И ТИ не ја побарува сопственоста или правата на интелектуалната сопственост врз корисничките содржини. Вие ни давате дозвола да ги хостираме Вашите кориснички содржини во рамките на нашата услуга. Со ова Вие му овозможувате на ЈАС И ТИ ширум светот, бесплатна, неексклузивна лиценца, да ги хостира и да ги користи корисничките содржини со цел да ви ја овозможи услугата. Вие потврдувате и гарантирате дека ги имате сите неопходни права за да ни дадете таква дозвола. Самите сте одговорни за корисничките содржини кои може да бидат изгубени или неповратно оштетени со користењето на услугата. Ве поттикнуваме, често да ги архивирате Вашите кориснички содржини.
Под никакви околности ние нема да бидеме одговорни за вашите кориснички содржини или содржините на која било трета страна, вклучително, но не ограничено, за било какви грешки или пропусти во вашите кориснички содржини, или за каква било загуба или оштетување од кој било вид кои се настанати како резултат од употреба на која било корисничка содржина објавена, испратена, пренесена или на кој и да било друг начин достапна преку услугата.
Вие сте запознаени со фактот дека при користењето на интернет-страницата ќе бидете изложени на кориснички содржини од различни извори и дека ние не сме одговорни за нивната точност, корисност, безбедност, како ниту за правата на интелектуална сопственост на или во врска со корисничките содржини. Исто така сте запознаени и со тоа дека може да бидете изложени и на кориснички содржини кои се неточни, навредливи, несоодветни или непристојни, и дека сте согласни да се откажете и со ова се откажувате од судски права или подучувања кои ги имате или може да ги имате против нас во поглед на тоа, и сте согласни да извршите целосен надоместок кон интернет-страницата, нејзините сопственици / оператори и партнери, кое е законски дозволено, а се однесува на сите прашања поврзани со употребата на страницата.
Исто така, бидете запознаени со фактот дека ние не ги проверуваме корисничките содржини, но имаме право (но не и обврска) да одбиеме, отстраниме, избришеме или побараме од Вас да отстраните која било корисничка содржина достапна преку нашата услуга. Ние, исто така имаме право да отстраниме кориснички содржини кои ги прекршуваат овие услови или кои не се на кој и да било начин соодветни согласно со нашето сопствено убедување. Вие мора самите да ги процените и да ги сносите сите ризици поврзани со користењето на било кои кориснички содржини. Исто така, не можете да се потпрете на сите содржини креирани од наша страна. Вие прифаќате и се согласувате дека можеме да сочуваме кориснички содржини, како и да објавиме кориснички содржини доколку тое е потребно со закон или пак со добра волја и верување дека таквите зачувувања или објавувања се разумно потребни со цел: (а) да се постапи во согласност со законските процеси; (б) спроведување на овие услови; (в) да се одговори на тврдењата дека некоја корисничка содржина ги крши правата на трети лица; или (г) да ги заштитиме нашите права, имот или лична безбедност, како на нашите корисници, така и на оние од јавноста.
Понатаму, имајте предвид дека ние нема да одржуваме копии од датотеки и документи испратени од вас, како и тоа дека Вие сте единствено одговорни за правење копии на овие податоци.
Вие сте целосно одговорни за точноста и соодветноста на сите податоци и содржини во рамките на Вашата интернет-страница. ЈАС И ТИ нема да биде одговорен за неточни информации и за потенцијална штета предизвикана од такви неточности.
5. ПРАВИЛА
Вие сте согласни дека нема да:
- објавувате, испраќате, пренесувате или на друг начин ставите на располагање корисничка содржина која е незаконска, штетна, заканувачка, навредлива, невистинита, клеветничка, вулгарна, недолична, како и содржина која ја нарушува приватноста на останатите (откривање на фотографии, адреса, е-адреса, телефонски број или други информации за контакт без писмена согласност од сопственикот на таквите информации), содржини со омраза, расистички или на коj и да било друг начин непристојни содржини;
- нанесете штета на малолетници на кој било начин;
- се претставувате лажно како физичко или правно лице, ентитет или субјект, вклучувајќи, но не ограничувајќи се на, вработените и претставниците на ЈАС И ТИ, лажно да изјавувате или лажно да ја претставувате вашата поврзаност со личност или ентитет.
- ги фалсикувате заглавијате или на друг начин манипулирате со идентификаторите со цел да се прикрие потеклото на некоја корисничка содржина пренесена преку услугата;
- вчитате, испратите, објавите или на друг начин пренесете кориснички содржини за кои немате право да ги пренесувате согласно со закон или договор или доверливи односи (како што се внатрешни информации, сопственички и доверливи информации дознаени или откриени како дел од работните односи или поддоговори за чување во тајност на одредени содржини) ;
- испратите, вчитате, објавите или на друг начин пренесете кориснички содржини со кои се повредуваат патенти, трговски тајни, авторски права, правата на приватност или публицитет или други сопственички права на некоја страна;
- ја споделите вашата лозинка, дозволите на некој друг да пристапи на вашата корисничка сметка, или да направите нешто со кое би можело да се загрози безбедноста на вашата корисничка сметка.
- вчитате, испратите, објавите или пренесете несакани комерцијални електронски или спам-пораки. Ова вклучува неетички маркетинг, рекламирање или друга практика која е на некаков начин поврзана со “спам”, како што се: a) испраќање на масовни е-пораки до примачи кои не побарале од вас е-адреса или праќање на е-порака со лажна повратна адреса, б) промоција на интернет-страници со несоодветни линкови, наслови, описи или в) промоција на вашата интернет-страница преку објавувања на повеќекратни поднесоци во јавни форуми кои се идентични;
- вчитате, испратите, објавите или на друг начин пренесете материјал кој содржи софтверски вируси или компјутерски код, фајлови или програми дизајнирани да прекинуваат, уништат или ја ограничат функционалноста на компјутерскиот софтвер, хардвер или телекомуникациска опрема;
- да се мешате во или ја нарушите услугата, серверите или мрежите поврзани со услугата, или да не ги почитувате барањата, процедурите, политиките или регулативите на мрежите поврзани со услугата;
- да се обидете да прескокнете или прескокнете безбедносна компонента поврзана со содржините или услугата;
- да се обидете или да се вклучите во постапка која директно или индиректно го попречува правилното работење на интернет-страницата или предизвикувате неразумно оптоварување на инфраструктурата на ЈАС И ТИ;
- намерно или ненамерно ги кршите локалните, државните, националните или меѓународните закони;
- скришно или на друг начин ги малтретирате другите;
- промовирате, поттикнувате или давате инструкции и информации за нелегални активности, поттикнувате физичка штета или повреда против група или поединец или поттикнувате суровост кон животните. Ова може да вклучува, без ограничување, обезбедување на упатства за тоа како да се состават бомби, гранати и останати оружја или запалливи уреди;
- нудите на продажба или продавате содржина, услуга или производи кои а) ги кршат државните или локални закони или прописи, б) немате потполно законско право согласно со законите и прописите да ги нудите или продавате, вклучувајќи ги и сите потребни лиценци и одобренија, или в) ние утврдиме, по наше сопствено убедување, дека се несоодветни за продажба преку услугата;
- ја користите услугата за насочување кон друга интернет-страница;
- барате или се обидувате да земете од трети лица лозинки или лични податоци за незаконски цели;
- го надминете обемот на услугата за која сте регистрирани; на пример, да пристапувате или користите алатки за кои немате право да ги користите, или бришење, додавање, или менување на коментари или содржини на останатите корисници;
- вчитате, испратите, објавите или пренесете корисничка содржина која е наменета за да го искористи и/или измами корисникот. Такви содржини може да вклучуваат, не ограничувајќи се на, „збогати се брзо”, „сурфај и биди платен”, пирамидални или други сомнителни шеми;
- вклучите повеќе од три рекламни единици по страница или реклами, кои во голема мера ја намалуваат употребливоста на интернет-страницата;
- поставите датотеки и документи со цел да се хостираат од наша страна и да се користат надвор од интернет-страницата направена со користење на услугата;
- пристапувате до услугата преку автоматизирани методи. Услугата еднинствено може да се користи или да и се пристапи преку електронски уред и тоа мануелно во текот на целото нејзино користење;
- поставувате датотеки со вкупна големина поголема од 10GB;
- со сопствено програмирање креирате интернет-страница која содржи штетно корисничко искуство. Примери за ова се, но не се ограничува на екстремни светкави банери и прекумерни анимирани движења;
- поставите, објавите или на друг начин пренесете содржини за возрасни, како што се голотии во сексуален контекст, содржини во кои се откриваат изложени гениталии, или содржини со теми за возрасни.
ЈАС И ТИ може да утврди, според свое сопствено убедување, дали некој од корисниците ги прекршува овие правила или политики.
Ние го задржуваме правото да затвориме корисничка сметка или корисник кој ги прекршил горенаведените забрани.
Доколку утврдиме дека вашата корисничка сметка се користела за нелегални или измамнички активности, тогаш таа може да биде веднаш затворена, нејзините финансиски податоци избришани и корисникот ќе биде пријавен на надлежните власти.
6. БЕЗБЕДНОСТ
Вие сте одговорни за одржувањето на безбедноста на Вашата корисничка сметка и содржини. Исто така, целосно сте одговорни за сите активности регистрирани на корисничката сметка и за сите други активности поврзани со Вашата интернет-страница. Се согласувате дека веднаш ќе го известите ЈАС И ТИ во писмена форма за секоја неовластена употреба на Вашата корисничка сметка или некоја друга форма на нарушувањата на безбедноста. Ние не можеме и нема да бидеме одговорни за загуба или штета како резултат на неисполнување на оваа обврска за безбедност. Вие потврдувате и се согласувате дека под никакви околности ЈАС И ТИ нема биде одговорен, на било кој начин, за дејства, пропусти или грешки од страна на ЈАС И ТИ корисник или трето лице, вклучувајќи и штети од кој било вид кои би се јавиле како резултат на таквите акти, пропусти или грешки.
7. ПЛАЌАЊА, НАДОМЕСТОЦИ И ДАНОЦИ
Дел од услугите понудени на интернет-страницата бараат плаќање на надоместоци („услуги за наплата”). Доколку изберете да се регистрирате за услугите за наплата, потребно е да ги платите надоместоците како што е наведено на страницата на оние места каде што ги избирате таквите услуги.
Доколку не е поинаку наведено, сите надоместоци се со вклучени даноци или давачки воведени од властите, и Вие сте одговорни за плаќање на тие даноци, давачки или должности. Вие се согласувате дека ќе ги платите даноците кои се однесуваат на користењето на услугата и плаќањата направени од ваша страна кон ЈАС И ТИ.
Експлицитно го задржуваме правото да ги менуваме цените и надоместоците, а таквите промени или модификации ќе бидат објавени на интернет-страница и ќе стапат на сила веднаш по нивното објавување. Во таков случај, ние немаме обврска да испраќаме посебни известувања до корисниците. Било какви промени или модификации на цените и давачките ќе се применат во наредното обновување на периодот за користење на услугата, како што е тоа опишано подолу.
Во однос на можностите за плаќање, имате еден начин на плаќање на нашите услуги: плаќање со платежна картичка.
На крајот од период на користење на услугата (согласно времетрањењто на пакетот кој Вие како корисник го правите на почетокот од регистрацијата), Вашиот договор автоматски ќе заврши, а содржината на интернет-страницата ќе биде избришана. Една недела (седум дена) пред автоматското бришење на Вашата интернет страница Вие како клиент добивате писмено известување, во кое ќе добиете понуда да го обновите договорот со еден од моментално активните пакети. Ако изберете да го продолжите пакетот, Вашата интернет-страница ќе продолжи да биде достапна со почетокот од последниот ден на моментално акивниот пакет и трање во зависност од новоизбраниот пакет. Овој избор го правите најдоцна до ден пред истек на активниот пакет. Ако изберете да не го продолжите користењето на услугите на ЈАС И ТИ, тогаш интернет-страницата и корисничките содржини ќе бидат избришани по истекот на пакетот.
Во случај кога ќе купите некоја од услугите за кои се плаќа (при плаќање со платежна картичка), се согласувате дека платежните процесори чии услуги ги користиме имаат право да ги чуваат вашите информации за платежната картичка. Ние не зачувуваме информации за платежната картичка, ги користиме услугите на трети компании, платежни процесори, за онлајн плаќањата направени преку интернет-страницата.
Во случајот на плаќање со платежни картички, вие сте согласни дека сме овластени да ви наплаќаме и да направиме наплата од платежната картичка која ја имате приложено за: еднократен надомест за услугите; за други надоместоци за услуги кои сте ги нарачале и купиле; како и за сите даноци во врска со вашето користење на услугите.
8. ПОЛИТИКА ЗА ВРАЌАЊЕ НА СРЕДСТВА
Дококу сте незадоволни од нашата услуга без разлика на причината, може да побарате враќање на платените средства за пактетите со поднесување на известување во писмена форма и поднесување на барање за враќање на средствата.
Плаќањата за избраните пакети се целосно повратни на барање доставено најдоцна 5 дена од датумот на купувањето. За ова е потребно да ни испратите барање во писмена форма, со вклучена копија од сметката, во рок од 5 дена од датумот на купувањето и ние, доколку е тоа применливо, ќе ви го вратиме извршениот надомест.
9. ПРАВА НА ИНТЕЛЕКТУАЛНА СОПСТВЕНОСТ
Содржините и услугите кои може да се добијат на интернет-страницата, како и сите содржини и услуги обезбедени од нас или преку нас или од нашите партнери, вклучувајќи, но не ограничувајќи се на, софтверот, прикажаните информативни текстови, софтверската документација, дизајнот, изгледот, видео, аудио, функции, документи, датотеки, слики, графика или други содржини, без разлика дали се јавно или приватно објавени и/или испратени како и сите деривации од нив („содржина”), се во наша сопственост или сопственост на нашите партнери кои ги лиценцирале нивните материјали или обезбедуваат услуги за нас, и се заштитени со авторски права, заштитен знак, деловна тајна и други закони за интелектуалната сопственост.
Не е дозволено и вие се согласувате дека нема да ги правите следниве активности: враќање на кодот (reverse engineering), декомпилација (decompile), дешифрирање, модифицирање, репродукција, објавување, преведување, копирање, дистрибуирање, продажба, изнајмување, пренос, искористите слабост (exploit) или на друг начин да се обидете да откриете програмски код или изворен код (source code), користен во или со услугата и содржините или на друг начин ги дистрибуирате содржините, освен како што тоа е посебно дозволено во овој Договор.
Исто така, се согласувате дека нема да ја репродуцирате, умножувате, копирате, продавате или препродавате дел од услугата, користењето на услугата, или пристапот до услугата без претходна наша писмена дозвола.
Вие не може да го користите, продавате, копирате, дистрибуирате, подлиценцирате, давате гаранција или на друг начин се обидете да пренесете право врз содржините, креирате деривации врз основа на нив или комерцијално ја експлоатирате содржината, во целост или делумно, на друг начин освен како што тоа е јасно нагласено со овој Договор.
Сите трговски марки, логоа, таг-линии или слогани, кои се дел од ЈАС И ТИ и услугата во целост, се сопственост на ЈАС И ТИ. Сите останати трговски марки, логоа, таг линии или слогани се сопственост на нивните соодветни сопственици. Освен ако поинаку не е засебно предвидено во овој документ, ништо не треба да се толкува како давање дозвола или право на користење на трговска марка, лого, таг-линија или слоган прикажани на ЈАС И ТИ без наша писмена дозвола или писмена дозвола од третите лица кои може да бидат сопственици на трговски марки, логоа, таг-линии, или слогани.
Секое користење на содржините за друга намена освен онаа за која е посебно дозволено овде или без наша претходна писмена согласност или претходна писмена согласност од нашите соработници, е строго забрането. Ние ги задржуваме сите права кои експлицитно не се дадени во овој договор.
10. ОДРЕКУВАЊЕ ОД ОДГОВОРНОСТ
ИНТЕРНЕТ-СТРАНИЦАТА, УСЛУГАТА И СОДРЖИНИТЕ СЕ ДАДЕНИ “КАКО ШТО СЕ”, “КАКО ШТО Е ДОСТАПНО”, “СО СИТЕ НЕДОСТАТОЦИ” И БЕЗ ГАРАНЦИЈА ОД КАКОВ БИЛО ВИД, ЈАСНО НАГЛАСЕНИ ИЛИ ДА СЕ ПОДРАЗБИРААТ.
ЈАС И ТИ И ВРАБОТЕНИТЕ, НЕГОВИТЕ ДИРЕКТОРИ, ВРАБОТЕНИ И АГЕНТИ ЦЕЛОСНО СЕ ОДРЕКУВААТ ОД СЕКАКОВ ВИД ОДГОВОРНОСТИ ДОЗВОЛЕНИ СО ЗАКОН, БИЛО ТИЕ ДА СЕ ЈАСНО НАВЕДЕНИ ИЛИ ДА СЕ ПОДРАЗБИРААТ, ВКЛУЧУВАЈЌИ ГИ, НО НЕ ОГРАНИЧУВАЈЌИ СЕ НА: ИМПЛИЦИРАНИ ГАРАНЦИИ НА СОПСТВЕНОСТ, СООДВЕТНОСТ ЗА ПРОДАЖБА, СООДВЕТНОСТ ЗА ОДРЕДЕНА НАМЕНА И НЕПРЕКРШУВАЊЕ.
ЌЕ НАПРАВИMЕ РАЗУМНИ НАПОРИ ЗА ОДРЖУВАЊЕ НА УСЛУГАТА, ПРИТОА НЕ ОГРАНИЧУВАЈЌИ ГО ГОРЕНАВЕДЕНОТО, МЕЃУТОА НИТУ ЈАС И ТИ НИТУ НЕЈЗИНИТЕ СЛУЖБЕНИЦИ, ДИРЕКТОРИ, ВРАБОТЕНИ И АГЕНТИ НЕ ГАРАНТИРААТ ДЕКА ПРИСТАПОТ ДО ИНТЕРНЕТ-СТРАНИЦАТА, СОДРЖИНИТЕ И/ИЛИ УСЛУГИТЕ ДОСТАПНИ НА ИЛИ ПРЕКУ ИНТЕРНЕТ-СТРАНИЦАТА ЌЕ БИДЕ НЕПРЕКИНАТ ИЛИ БЕЗ ГРЕШКИ ИЛИ ДЕКА ДЕФЕКТИТЕ, ДОКОЛКУ ГИ ИМА, ЌЕ БИДАТ ПОПРАВЕНИ; ИСТО ТАКА НИТУ ЈАС И ТИ, НИТУ НЕГОВИТЕ СЛУЖБЕНИЦИ, ДИРЕКТОРИ, ВРАБОТЕНИ И АГЕНТИ НЕМА ДА БИДАТ ОДГОВОРНИ И ДА ГАРАНТИРААТ ЗА ТОЧНОСТА, ДОВЕРЛИВОСТА, ВАЛУТАTA, КВАЛИТЕТOT, КОМПЛЕТНОСТА, КОРИСНОСТА, ПЕРФОРМАНСИTE, БЕЗБЕДНОСТA ИЛИ СООДВЕТНОСТА НА УСЛУГИТЕ, СОДРЖИНИТЕ ИЛИ ЗА САМАТА ИНТЕРНЕТ-СТРАНИЦА.
ВИЕ СЕ СОГЛАСУВАТЕ ДЕКА КОРИСТЕЊЕТО НА ИНТЕРНЕТ-СТРАНИЦАТА И ДОВЕРБАТА КОН УСЛУГАТА И/ИЛИ СОДРЖИНИТЕ Е НА ВАШ СОПСТВЕН РИЗИК. ИСТО ТАКА, ВИЕ СТЕ ОДГОВОРНИ ЗА ОДРЖУВАЊЕ И ПРАВЕЊЕ НА КОПИИ НА ВАШИТЕ ПОДАТОЦИ И ИНФОРМАЦИИ КОИ СЕ ВКЛУЧЕНИ ВО РАМКИТЕ НА УСЛУГАТА.
ВИЕ СЕ СОГЛАСУВАТЕ И ПОТВРДУВАТЕ ДЕКА СИТЕ СОВЕТИ, СОДРЖИНИ, ПОДАТОЦИ, ИНФОРМАЦИИ ДОБИЕНИ ПРЕКУ ИНТЕРНЕТ-СТРАНИЦАТА И УСЛУГАТА НЕ СЕ НАМЕНЕТИ КАКО ЗАМЕНА ЗА ЗНАЕЊЕ, ЕКСПЕРТИЗА ИЛИ ВЕШТИНА И ДЕКА НЕ ТРЕБА ДА СЕ ПОТПИРАТЕ НА НИВ ЗА ЛИЧНИ, МЕДИЦИНСКИ, ПРАВНИ ИЛИ ФИНАНСИСКИ ОДЛУКИ И ДЕКА ТРЕБА ДА СЕ КОНСУЛТИРАТЕ СО СООДВЕТЕН ПРОФЕСИОНАЛЕЦ ЗА КОНКРЕТЕН СОВЕТ СОГЛАСНО СО ВАШИОТ ПРОБЛЕМ.
ПОКРАЈ ОВА, НИЕ НЕ СМЕ ОДГОВОРНИ, НИТУ ПАК ЌЕ ГАРАНТИРАМЕ ЗА ИСПОРАКАТА НА ПОРАКИ ПРЕКУ ИНТЕРНЕТ-СТРАНИЦАТА. НИТУ НИЕ, НИТУ ТРЕТИ ЛИЦА, ОДНОСНО ПАРТНЕРИ НЕ ГАРАНТИРААТ ДЕКА ИНТЕРНЕТ-СТРАНИЦАТА, СЕРВЕРИТЕ, СОДРЖИНАТА, УСЛУГИТЕ ИЛИ E-ПОРАКИТЕ ИСПРАТЕНА ОД ИНТЕРНЕТ-СТРАНИЦАТА ИЛИ ТРЕТИ ЛИЦА/ПАРТНЕРИ СЕ ЧИСТИ ОД ВИРУСИ ИЛИ ДРУГИ ШТЕТНИ КОМПОНЕНТИ.
11. ОГРАНИЧУВАЊЕ НА ОДГОВОРНОСТА
НЕМА ДА СНОСИМЕ ОДГОВОРНОСТ ЗА ДИРЕКТНИ, ИНДИРЕКТНИ, СЛУЧАЈНИ, ПОСЕБНИ, ПОСЛЕДИЧНИ ИЛИ ШТЕТИ ОД ДРУГ ТИП, ВКЛУЧУВАЈЌИ НО НЕ ОГРАНИЧУВАЈЌИ СЕ НА, ЗАСТОЈ ВО ДЕЛОВНОТО РАБОТЕЊЕ, ШТЕТИ ЗАРАДИ ЗАГУБА НА ПРОФИТ, УПОТРЕБА, ПОДАТОЦИ ИЛИ ДРУГИ НЕМАТЕРИЈАЛНИ ЗАГУБИ (ДУРИ И АКО СМЕ БИЛЕ ИЗВЕСТЕНИ ЗА МОЖНОСТА ОД ТАКВИ ШТЕТИ) ШТО ПРОИЗЛЕГУВААТ ОД: КОРИСТЕЊЕТО ИЛИ НЕМОЖНОСТА ЗА КОРИСТЕЊЕ НА ИНТЕРНЕТ-СТРАНИЦАТА, УСЛУГАТА, СОДРЖИНИТЕ, ВАШИТЕ СОДРЖИНИ, КОРИСНИЧКИТЕ СОДРЖИНИ ГЕНЕРИРАНИ ПРЕКУ ТРЕТИ ЛИЦА ДОСТАПНИ НА ИЛИ ПРЕКУ ИНТЕРНЕТ-СТРАНИЦАТА; ПОДАТОЦИ ИЛИ ИНФОРМАЦИИ, ПОРАКИ / ТРАНСАКЦИИ ДОБИЕНИ ПРЕКУ ИЛИ ОД УСЛУГАТА; НЕОВЛАСТЕН ПРИСТАП, ИЛИ ПРОМЕНА НА ВАШИITE ТРАНСМИСИИ ИЛИ ПОДАТОЦИ; ИЗЈАВИ ИЛИ ПОСТАПКИ ОД ТРЕТО ЛИЦЕ ЗА УСЛУГАТА; ИЛИ НЕШТО ДРУГО ВО ВРСКА СО УСЛУГАТА.
СО ОВА ГО ОСЛОБОДУВАТЕ ЈАС И ТИ И НЕГОВИТЕ ПОДРУЖНИЦИ, ФИЛИЈАЛИ, СОРАБОТНИЦИ, СЛУЖБЕНИЦИ, ДИРЕКТОРИ, УПРАВНИЦИ, ПОДРУЖНИЦИ, ПОДИЗВЕДУВАЧИ, АГЕНТИ И ВРАБОТЕНИ, ОД СЕКАКОВ ВИД ЖАЛБИ, БАРАЊА И ШТЕТИ ОД РАЗЛИЧНА ПРИРОДА (ВКЛУЧУВАЈЌИ БЕЗ ОГРАНИЧУВАЊА, АКТУЕЛНИ, ПОСЕБНИ, СЛУЧАЈНИ И ПОСЛЕДОВАТЕЛНИ), ПОЗНАТИ И НЕПОЗНАТИ, ОСОМНИЧЕНИ И НЕОСОМНИЧЕНИ, ОТКРИЕНИ И НЕОТКРИЕНИ, КОИ ПРОИЗЛЕГУВААТ ОД ИЛИ СЕ НА КОЈ БИЛО НАЧИН ПОВРЗАНИ СО КОРИСТЕЊЕ НА УСЛУГИТЕ, СОДРЖИНИТЕ, ИНТЕРНЕТ-СТРАНИЦАТА, ВАШИТЕ СОДРЖИНИ ИЛИ БИЛО КОЈА СОДРЖИНА ГЕНЕРИРАНА ОД ТРЕТИ ЛИЦА, ДОСТАПНИ НА ИЛИ ПРЕКУ СТРАНИЦАТА.
12. ОБЕСШТЕТУВАЊЕ
Вие сте согласни да ги браните и обесштетите вработените во ЈАС И ТИ, службениците, директорите, потписниците, добавувачите, филијалите, подружниците и агентите од и против сите побарувања, штети, обврски, загуби, одговорности, трошоци, долгови (вклучувајќи, но не ограничувајќи се на давачките за адвокати) кои произлегуваат од или во врска со: Вашата употреба на и пристап до услугата (или на некој друг кој го корител Вашиот профил), интернет-страницата, содржините; вашите кориснички содржини или други комерцијални производи кои ги нудите на или преку интернет-страниците со користење на нашите услуги; Вашето прекршување на некој услов од овие услови; прекршувањето на правата на трети лица, вклучувајќи ги, без ограничувања сите авторски права, право на имот или право на приватност, или тврдење дека вашите кориснички содржини предизвикале штета на трети лица или страни.
13. ОТКАЖУВАЊЕ И ПРЕСТАНОК
Услугата може да биде прекината од нас, без причина, во секое време. Услугата може да биде прекината од Вас, без причина, следејќи ги процедурите за откажување. Можете да ја откажете услугата во секое време, но претплатата ќе биде активна до крајот на периодот за којшто сте платиле.
ЈАС И ТИ може да ја прекине услугата во секое време, без казна и без претходна најава, доколку не исполните некој од условите во Договорот или ја прекршите заштитата на интелектуалната сопственост која се применува на оваа услуга.
По прекинот може да добиете известување за прекин на услугите пратено на е-адресата од Вашата корисничка сметка. По раскинувањето, ние имаме право да ги избришеме сите податоци, датотеки, кориснички содржини или други податоци кои се чуваат во/за вашата корисничка сметка.
Може да ја измениме, замениме, да одбиеме пристап до, суспендираме или прекинеме услугата, делумно или целосно, или да додадеме и промениме цени за сите или дел од услугите наменети за Вас или за сите наши корисници во секое време и по наше сопствено убедување. Промените ќе стапат во сила веднаш по нивното објавување на интернет-страницата или преку директна комуникација со Вас, освен ако тоа јасно не е наведено поинаку.
Понатаму, ние го задржуваме правото да задржиме, отстраниме или отфрлиме корисничка содржина достапнa како дел од Вашата корисничка сметка, со или без известување доколку сметаме дека е спротивно на овој Договор. За избегнување на недоразбирање, немаме обврска за чување, одржување или обезбедување на копии од содржина поставена од вас или останатите корисници при користење на услугата.
14. ИНТЕРНЕТ-СТРАНИЦИ И УСЛУГИ НА ТРЕТИ ЛИЦА
Интернет-страницата може да содржи содржини или линкови до други интернет-страници кои се во сопственост на трети лица. Ние немаме контрола на тоа и не преземаме одговорност за содржината, политиките за приватност, или практиките за содржините на третите лица или интернет-страниците и нивните содржини. Ве молиме, имајте предвид дека кога ќе кликнете на некој од овие линкови, пристапувате на друга интернет-страница за која ние не сносиме одговорност или немаме контрола. Исто така, во рамките на интернет-страницата може да се најавите на Вашите кориснички сметки од трети лица со цел за користење на нивните услуги или пак да ја поврзтете вашата корисничка сметка на ЈАС И ТИ со кориснички сметки од трети лица. ЈАС И ТИ не е одговорен за активности кои се случуваат во рамките на трета страна, дури и во случаи кога сте најавени преку ЈАС И ТИ сметката или поврзани со ЈАС И ТИ сметката.
Вие се согласувате дека ние нема да бидеме одговорни за загуба или оштетување од кој било вид, настанати како резултат на користењето на содржина од трето лице, интернет-страници или услуги, без разлика, дали сте се поврзале или упатиле кон нив преку интернет-страницата. Со ова Вие сте известени, знаете и потврдувате дека интернет-страниците и услугите на третите лица може да бидат предмет на нивните сопствени услови за користење и политики, и Вие сте единствено одговорни за прегледувањето и почитувањето на нивните услови за користење.
15. ДОПОЛНИТЕЛЕН СОФТВЕР
Во однос на дополнителен софтвер кој може да биде достапен преку ЈАС И ТИ, при користењето на услугата, доколку изберете да го симнете или пристапите до него или до содржините на трети лица, имајте предвид дека можеби ќе треба да се согласите на дополнителни услови пред да го користите тој софтвер или содржини.
Исто така, се согласувате дека со употребата на софтвер или содржини од трети лица добиени преку услугата, Вам нема да ви бидат префрлени права од таквиот софтвер или содржини, и дека нема да ги користите содржините ставени на располагање преку софтверот или услугата на друг начин освен како што е дозволено со условите за користење на трети лица.
16. ПРИВАТНОСТ
Ви препорачуваме да ја прочитате нашата Политика за приватност и да ги искористите информациите со цел да донесете одлуки кои се темелат на информираност. Ве молиме имајте предвид дека одредени информации, изјави, податоци и содржини (како што се фотографии) кои ќе ги објавите на интернет-страницата, најверојатно може да го откријат Вашиот пол, етничка припадност, националност, возраст, и/или други лични информации за Вас. Вие прифаќате и сте согласни дека објавувањето на таквите информации е доброволно и со ваша согласност. Вие сте согласни и прифаќате дека ние може да пристапиме, зачуваме и ја откриеме вашите регистрација и други информации кои ги приложувате доколку е потребно тоа да се направи со закон или во добра волја и верување дека таквиот пристап, зачувување или откривање, според нас е неопходен. Откривањето на информациите кон трети лица, понатаму е наведено во Политиката за приватност.
17. ОСТАНАТО
- Овој Договор може да се менува само преку писмена измена потпишана од овластен извршен директор на ЈАС И ТИ или со објава од ЈАС И ТИ на ревидирана верзија.
- Преовладувачката страна во постапка со цел да се спроведе овој Договор има право на трошоци и адвокатски хонорари. Доколку некој дел на овој Договор се смета за неважечки или неприменлив, само тој дел ќе се толкува со цел да ја одрази оригиналната намера на страните, а преостанатите делови остануваат во полна сила и ефект.
- ЈАС И ТИ може да ги пренесе своите права според овој Договор без услови. Договорот ќе биде обврзувачки и потоа, и ќе биде во сила во корист на потписниците, нивните наследници и назначени лица.
- Се согласувате дека: а) ЈАС И ТИ интернет-страницата ќе се смета исклучиво со седиште во Република Македонија; и б) ЈАС И ТИ интернет-страницата ќе се смета за пасивна интернет-страницата која не подлежи на други надлежности, ниту специфични, ниту општи, освен надлежностите во Р. Македонија. Овие услови се регулирани со интерни закони на Република Македонија, без оглед на нивниот судир со законските принципи.
- За било какво тврдење или спор меѓу Вас и ЈАС И ТИ, кое целосно или делумно произлегува од ЈАС И ТИ интернет-страницата, одлучува исклучиво надлежниот суд Скопје, со седиште во Скопје, Р. Македонија. Примената на Конвенцијата на Обединетите Нации за договорите за меѓународна продажба на стоки е изрично исклучена. Условите за користење, заедно со Политиката за приватност и секоја друга правна норма објавена од нас на интернет-страницата, ќе го сочинуваат целосниот договор меѓу Вас и ЈАС И ТИ во врска со ЈАС И ТИ интернет-страницата. Ако некоја одредба од условите за користење се смета за неважечка од страна на надлежниот суд, невалидноста на таквата одредба не влијае врз валидноста на останатите одредби од условите на користиње, кои ќе останат во полна сила и ефект. Откажувањето од некој од условите нема да се смета за постојано откажување од таквиот услов или од некој друг услов. Неможноста ЈАС И ТИ да потврди право или одредба од овие услови нема да претставува откажување од тоа право или одредба. Вие и ЈАС И ТИ се согласувате дека даден спор кој би произлегол од или е поврзан со ЈАС И ТИ интернет-страницата мора да започне во рок од една (1) година по појавување на причината за спорот. Во спротивно, таквиот спор ќе биде трајно забранет.
- Вие не можете да ги пренесете вашите права или обврски кои произлегуваат од овој договор на некој друг без наша претходна писмена согласност.
- Доколку за некој дел на овој договор се утврди дека е неспроведлив, остатокот ќе биде во полна сила и ефект.
- Доколку не успееме да спроведеме некој дел од овој договор, тоа нема да се смета за откажување од тие услови.
- Ние го задржуваме правото, во било кое време и од време на време да ја менуваме или прекинеме, привремено или постојано, услугата (или некој нејзин дел) со или без претходна најава. Вие се согласувате дека ЈАС И ТИ нема да бидат одговорен кон Вас или кон трета страна за некоја промена или прекин на услугата.
- Ние не сме одговорни ако некое електронско известување биде фатено од страна на вашиот спам филтер и Вие не сте го виделе; ако сте ни дале погрешна е-адреса (или не сте ја ажурирале вашата е-адреса) или ако постојат други проблеми при комуникацијата кои би го спречиле стигнувањето на е-пораката до Вас. Поради тоа, Ве охрабруваме често и периодично да ја посетуваате оваа страница и да ги следите сите промени. Употребата на, или пристапот до услугата, откако ќе бидат објавени промени кон овој Договор, во исто време претставува и прифаќање на тие промени.
- Прашања, коментари, предлози, идеи, одговори, фотографии или други информации дадени од Ваша страна („коментари”) не се доверливи и со тоа ни давате глобална, постојана, неотповиклива, бесплатна лиценца за репродукција, прикажување, извршување, дистрибуирање, објавување, модифицирање, уредување или користење друг начин, според нас соодветен, за комерцијални и/или некомерцијални цели, според нашето сопствено убедување.
- Може да воспоставиме општи практики и ограничувања во врска со просторот и користењето на услугата и да ги менуваме од време на време со или без известување.
- Условите се исто така важечки и за време на употребата на услугата во пробниот период.
- Вие потврдувате дека Вашата земја на престој е иста со адресата на вашата платежна адреса.
- Без противречност на било што друго содржано во овие Услови, доколку ја користите интернет-страницата и/или услугите во име на друг субјект, Вие потврдувате дека сте целосно овластени да ги прифатите овие услови во име на субјектот, и дека тој субјект се согласува да Ве обесштети Вас и ЈАС И ТИ доколку има прекршување на условите.
- Ние и нашите соработници не гарантираме дека услугата, како и содржините или интернет-страницата се соодветни или достапни за употреба во сите географски локации. Доколку ја користите интернет-страницата, услугата или содржините надвор од Македонија, самите сте одговорни за почитувањето на сите важечки закони, вклучувајќи ги, без ограничување и прописите за извоз и увоз на други земји.
- Во иднина, преку интернет-страницата може да понудиме нови услуги и/или можности (вклучувајќи и нови алатки и ресурси). За избегнување на недоразбирања, сите нови функции и/или услуги се исто така предмет на условите на овој Договор.
18. ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ ЗА БЕТА ВЕРЗИЈА
Ве молиме, имајте предвид дека интернет-страницата моментално е во БЕТА-верзија и дека е во период на тестирање. Во согласност со ова, ги прифаќате условите за користење и знаете и се согласувате со можните софтверски грешки на услугата, со можните прекини при работата или со можното нефункционирање на интернет-страницата согласно со неговата намена или дизајн. Прифаќањето на условите и користењето на услугата во оваа фаза значи дека вие имате разбирање за тоа и согласност да учествувате во БЕТА-тестирањето на услугата.
19. КОНТАКТ СО КОРИСНИЧКАТА ПОДДРШКА
Со цел да дојдете во контакт со нашата корисничка поддршка, ве молиме посетете ја на нашата страница за контакт и искористете ги контакт информациите, со цел да не контактирате.