Желбата за совршена и безгрижна организација на една свадбена прослава е главниот предизвик кој Јас и Ти ќе ви помогне да го решите.
Јас и Ти е сервис кој ви овозможува да добиете своја, персонализирана веб-страница за вашата свадба. На овој начин можете целосно да ја замените потребата од печатење на свадбени покани и лично доставување на истите до вашите гости.
Јас и Ти ви нуди простор да ја споделите вашата љубовна приказна со гостите. Раскажете какво беше запросувањето, споделете слики од настанот, а подоцна збогатете ја галеријата и со сликите од вашата свадба.
Направете го најубавиот албум и споделете го со најблиските. Дополнително, електронските покани за свад... Прочитај повеќе
Желбата за совршена и безгрижна организација на една свадбена прослава е главниот предизвик кој Јас и Ти ќе ви помогне да го решите.
Јас и Ти е сервис кој ви овозможува да добиете своја, персонализирана веб-страница за вашата свадба. На овој начин можете целосно да ја замените потребата од печатење на свадбени покани и лично доставување на истите до вашите гости.
Јас и Ти ви нуди простор да ја споделите вашата љубовна приказна со гостите. Раскажете какво беше запросувањето, споделете слики од настанот, а подоцна збогатете ја галеријата и со сликите од вашата свадба.
Направете го најубавиот албум и споделете го со најблиските. Дополнително, електронските покани за свадбената веселба на Јас и Ти ви заштедуваат време за достава. На гостите им даваат прецизни информации за настанот, а вам точен број на гости кои го потврдиле или откажале присуството.
Најавете кој, покрај вас ќе има голема актерска улога (кум, девер…) и споделете ги сите важни информации за свадбата со гостите. Со Јас и Ти, вашите гости ќе ги имаат сите точни информации – име на локација/локации каде се одвива забавата, локација на мапа како навигација како да стигнат до таму и време на почеток на сите сегменти од вашиот голем ден.
И кога најголемата работа е веќе завршена – рековте “ДА!” и одредивте датум, следува делот каде вие, младенците, можете да бидете максимално креативни.
Со Јас и Ти ги намалувате трошоците за печатење и доставување на поканите до вашите гости.
Целиот процес од избор на тема и покана, до нарачка е брз и едноставен. А нашиот тим е тука во секое време за било каква интервенција.
Вашата веб страна, со изборот на различни дизајни, ќе ја направи вашата свадба уникатна и модерна.
Изберете го дизајнот на вашата лична свадбена веб-страница и униктни е-покани кој најмногу ви се допаѓа и најдобро ве опишува.
Изберете го пакетот кој вам најмногу ви одговара според тоа колку долго сакате вашата свадбена веб-страница да биде активна. Информирајте ги вашите гости за сите детали околу свадбата, организирајте брзо, паметно и без многу напор, и споделете ги сликите со вашите гости по вашата свадба. Најважно - не мора да избирате една покана или еден дизајн, имате цел живот пред вас да носите големи одлуки, а сега дозволете си да бидете неодлучни и со било кој пакет да ги добиете сите дизајни и да ги менувате по ваша желба.
Сите пакети вклучуваат
3 месеци
4990ден.
6 месеци
7990ден.
12 месеци
10990ден.
Деталите се она што не издвојува од останатите и токму она по што сите ќе ве паметат.
Дозволете ни да ви помогнеме да имате безгрижна припрема и да уживате во вашиот голем ден!