Јас и Ти решението го создадовме за да им овозможиме на сите идни млади брачни парови да добијат едноставен и современ начин да допрат до нивните блиски и да ја споделат својата приказна која сакаат да ја крунисаат на денот на нивната венчавка.
Ова го овозможивме со тоа што направивме пакет услуги со кои младенците можат едноставно и брзо да ја споделат својата приказна со повеќе лица одеднаш, а истовремено да испратат персонализирани покани за сите гости. На тој начин создадовме едно паметно решение кое покрај брзиот и едноставен пристап до сите информации околу свадбената прослава, овозможува и намалување на трошоците за печатење на покани и нивно испорачување.
Со Јас и Ти персонализираните свадбени сајтови, нашиот тим создаде современо решение за препреките со кои се соочуваат младенците во процесот на организирање на свадбената прослава.
Изберете темаУникатно решение за испраќање електронски покани, споделување на вашата приказна, информации за настанот, галерија и многу повеќе.
Заменете ги старите традиционални начини со современо, иновативно, паметно решение за организирање свадбени свечености.
Дизајн создаден за вас. Креативни решенија за сечиј вкус. Нежни, весели, романтични, авантуристички, позитивни... Изборот е ваш.